За здрав живот не помага привремена промена, туку поинаков начин на живот

Ова е главната препорака на д-р Џонатан Јаром од Израел, кој е претседавач и главен извршен директор на Herbalife Nutrition. Со него зборувавме за здравиот начин на живеење и за тоа како да се остават толку многу таканаречени „вкусни“ задоволства што ги нуди животот, во интерес на здравјето.

0
1115

Во пресрет на јубилејот 40 години постоење на пазарот водечката нутриционистичка компанија во светот со своите научни истражувања потврдува дека заменските оброци на „Herbalife Nutrition“ претставуваат оптимална исхрана во борбата против дебелината.

Секој ден се консумираат преку 4 милиони хербалајф шејкови. „Herbalife Nutrition“ е присутна на преку 94 пазари на глобално ниво со годишен приход од преку 5 милијарди долари и со преку 4 милиони дистрибутери. 

Д-р Џонатан Јаром од Израел, кој е претседавач и главен извршен директор на Herbalife Nutrition зборуваше со нас за здравиот начин на живеење и здравата исхрана. Тој е поборник на мисијата на компанијата за подобрување на навиките во исхраната на луѓето во целиот свет преку водење здрав и активен начин на живот и квалитетна исхрана. 

Повеќе од 10 години сте член на Советодавниот одбор на Herbalife Nutrition, што е точно вашата задача?

Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife се состои од водечки експерти во исхраната, науката, спортската медицина и здравството од целиот свет. Нашата главна задача е да помогнеме во едукација и обука на независни дистрибутери на Herbalife за тоа како да водат здрав, активен начин на живот користејќи исхрана и вежбање и како да ги проследат овие информации понатаму. Инструкциите на НАБ за тоа зошто и како да се употребат производите за исхрана на Herbalife може да помогне за постигнување на целите на клиентот. Понатаму, ние учествуваме во креирање на развојна научна стратегија за компанијата.

За време на вашата кариера, работите со луѓе кои се активни во спортот, од светски шампиони и освојувачи на олимписки медали до спортисти-аматери, дали можете да ни кажете некои од светски познатите имиња од областа на спортот, кои беа меѓу нив?

Да, како спортски лекар, третирав многу професионални спортисти, светски шампиони и освојувачи на медали, но и фасцинантни спортисти со инвалидитет. И преку тоа имав можност да видам дека човечкото тело е способно да постигне извонредни резултати и да направи неверојатни нешта. Од 1993 година. јас сум лекар одговорен за израелската тениска федерација, такашто работам со некои од најдобрите тенисери во светот. Низ годините работење за национални шампиони во фудбал, кошарка, ракомет, гимнастика, пливање и други олимписки спортови, како и со Параолимпијци, имам работено со многу познати спортисти.

Која е вашата главна препорака за здрав живот на спортистите и генерално, на сите луѓе?

Клучниот начин да останете здрави е преку превенција – комбинација на секојдневни вежби, балансирана исхрана и закрепнување преку спиење и така натаму. Многу е важно секој да го регулира своето здравје преку физичка активност, со вежбање речиси секој ден. Со тоа, тие се обврзуваат и на целосна и балансирана исхрана. Ова значи дека им се потребни точни количини на витамини, минерали и фитонутриенти во нивната храна. Разликата помеѓу исхраната за професионалните спортисти и аматерите или оние кои вежбаат во слободно време е само во квантитетот и времето на земање на храна и часовите за тренинг, а не во квалитетот. Вежбата ќе го гради телото, кое потоа треба да се надополни со јадење во редовни интервали. Изградба на телото значи да имате посилна мускулна маса и поефикасен аеробен систем и затоа подобра отпорност на повреда од  замор и зголемување на телесната тежина.

Денеска постојат многу препораки за исхрана, кој е најздравиот начин на исхрана според вас?

Да се ​​живее здрав начин на живот може да биде една од најтешките задачи во животот, не станува збор само за дисциплина, туку станува збор за тоа да се остават толку многу таканаречени „вкусни“ задоволства што ги нуди животот. Поради толку многу искушенија на кои треба да им се спротивставиме, нашата желба да се чувствуваме и да изгледаме добро е борба на дневна основа. Но, ако излеземе од нашата зона на удобност и погледнеме околу нас, ќе можеме да видиме дека е можно да уживаме во здраво живеење. Треба да разбереме дека преземаме поинаков начин на живот, а не само привремена промена.

Треба да си кажеме себеси дека сакаме и можеме да го сториме тоа, а потоа да си ги поставиме личните цели. Постигнувањето на нашите посакувани цели е многу комплицирано прашање и зна оваа тема е пишувано од многу автори и научници. Да се има личен тренер, придружници за обука или да се зачлените во група се најдобрите идеи. Поставувањето умерен режим на тренирање на почетокот и унапредување со мали чекори – 10% зголемување на интензитетот и должината, варијации на активностите, вежбање на силата за да се овозможат подобри функции на телото и превенција од повреди и комбинирање на истото со правилна исхрана се клучот за подготовка на вашето тело за својот нов ритам. Имајте здрав појадок, богат со сите потребни хранливи материи, поделете ги оброците во помали количини во текот на денот и вежбајте како животот да ви зависи од тоа, имајте позитивен став и правете го тоа најдобро што можете. Ова е веројатно клучот за долгорочен здрав активен животен стил.