Зачините како помагачи во слабеењето

Ориганото може да се смета за мини салата затоа што една кафена лажичка има иста антиоксидантна моќ како три чаши сечкана брокула. Ориганото е зачин кој има најмногу антиоксиданти, а исто така лесно се вклопува во секојдневната кујна и рецептите.

0
170

Нутриционистите препорачуваат вклучување на што е можно повеќе зачини и билки за да ѝ додадете вкус на храната без маснотии, сол или шеќер. Истражувањата покажале дека антиоксидативната моќ на зачините може да му додаде на вашиот оброк многу повеќе од вкусот.

Исто така, се истражува и потенцијалот на зачините во забрзување на метаболизмот, побрзо заситување, контрола на телесната тежина и подобрување на квалитетот на исхраната.

Масни наслаги 

Постојат седум супер зачини кои ќе ви помогнат во тоа. Циметот е богат со полифеноли, и тие предизвикуваат во телото ефект сличен на инсулинот и со тоа му помагаат на телото да го регулира нивото на шеќер. Тој ја имитира биолошката активност на инсулинот и го подобрува метаболизмот на гликозата. Бидејќи високото ниво на шеќер може да доведе до складирање во форма на масни наслаги во организмот, циметот помага да се спречи акумулацијата на масни наслаги и помага при слабеење.

Исто така, циметот ќе го забави преминувањето на храната од желудникот до цревата, така што ќе се чувствувате сити подолго и ќе јадете помалку. Циметот исто така му помага на организмот подобро и поефикасно да ги вари јаглехидратите, што помага и при слабеење.

Ориганото може да се смета за мини салата затоа што една кафена лажичка има иста антиоксидантна моќ како три чаши сечкана брокула. Ориганото е зачин кој има најмногу антиоксиданти, а исто така лесно се вклопува во секојдневната кујна и рецептите.
Состојките во рузмаринот помагаат да се стимулира циркулацијата и протокот на крв во мозокот и на тој начин се подобрува концентрацијата и се лекуваат главоболките. Состојките на рузмаринот го зголемуваат имунитетот, а антиинфламаторните супстанции можат да ги ублажат тешките напади на астма.

За слабеење е добар ладен чај од рузмарин. Сварете литар ипол вода и додадете еден сецкан лимон и 50 грама рузмарин. Варете уште една минута или две и оставете да се олади. Исцедете го во сад и ставете го во фрижидер. Пијте 1 дл секое утро пред јадење.

Природен антисептик

Куркумата е ароматичен жолт зачин кој е главен дел од карито во прав, одамна е познат како антиоксиданс кој ги штити мозочните клетки и помага при нивно обновување. Тој е природен лек против болки и го регулира метаболизмот и помага при слабеење.

Мајчината душица, благодарение на антиоксидантните својства, се користи како природен антисептик, но и како лек против кашлица, а додадена во водата во када, помага за релаксација. Две лажички од овој зачин ја задоволуваат дневната потреба на организмот за железо, а исто така е богат и со магнезиум.

Исто така, има диуретични својства, помагајќи му на телото да се ослободи од сол, вишок вода и други токсини. Поради своите диуретични својства, поттикнува губење на тежината и го намалува крвниот притисок. Покрај тоа, го стимулира варењето на храната.

Ѓумбир и лути пиперки

Ѓумбирот има силно влијание врз дигестивниот систем. Го смирува стомакот и ја намалува желудочната киселина. Помага во намалување на нивото на холестерол и исто така ја разредува крвта. Го забрзува метаболизмот и ја подобрува подвижноста на желудникот. А колку е побрз метаболизмот, толку повеќе калории ќе потрошите.

За слабеење, пробајте зелен чај со ѓумбир. За една чаша чај, исечкајте два сантиметри ѓумбир на парчиња. Додадете лажица зелен чај и прелијте со 250 мл топла вода. Оставете да отстои пет минути, а потоа процедете.

Зачините добиени од лута пиперка богата со капсаицин помагаат при варењето и губењето на тежината. Истражувањата покажале дека тие одлично ги топат килограмите. Лутите црвени пиперки во различни форми го забрзуваат метаболизмот, го стимулираат варењето, ја зголемуваат ситоста и го стимулираат согорувањето на маснотиите.

Може да очекувате зголемување на потрошените калории за најмалку 15 проценти веќе два часа по јадењето лут сос.

Повеќе придобивки

Антиоксидансите ги штитат клетките од ефектите на слободните радикали. Тоа се молекули што телото ги произведува кога ја разградува храната или се јавува под влијание на околината, како што се чад од цигари и радијација. Антиоксидансите штитат од срцеви заболувања, карцином и други болести. Тие вклучуваат бета-каротен, лутеин, ликопен, селен и витамини А, Ц и Е.
Исто така, научниците ги испитуваат уникатните заштитни својства на зачините и билките и нивната улога во можното олеснување и намалување на воспалението во организмот, кои се првични симптоми на многу хронични болести.

Фото: Pixabay