Енергетски посни бомбици со сé и сешто

Единствената лоша работа кога правите нешто без рецепт и ’од глава’, е што не знаете потоа да кажете по колку од состојките сте ставиле. Ќе се обидеме да ви кажеме...отприлика

0
762

Количината на состојките е најдобро да си ја прилагодите сами, според тоа колкава количина ви треба. Ние направивме мегаломанска доза и претеравме со урмите па целата смеса беше леплива и бомбиците тешко се обликуваа. Такашто, бидете внимателни.

Состојки:

200 г урми

1 банана

300 г мелени овесни снегулки + 50 цели за валкање

100 г кокос + 50 за валкање

2 лажици мелен рогач

2 лажици какао + 1 за валкање

малку вода (ако има потреба)

100 г мелени ореви + 50 г мелени бадеми

по желба и суво грозје

Приготување:

Потопете ги урмите малку во вода за да ги излупите полесно. Извадете ги секите и смелете ги во блендер заедно со бананата.

Измешајте ги со другите состојки и ако сé уште ви се лепи, ставете ја смесата малку во фрижидер или пак валкајте и обликувајте ги истовремено. Нема да бидат толку совршени, ама ќе бидат богати. Ако ги оставите во фрижидер преку ноќ, се уште подобри и поцврсти, ама тешко дека е можете да изедете повеќе од една.