Едноставен начин за јакнење на имунитетот

Овие три намирници сигурно ги имате во својата кујна, па само додадете ги во оброкот и освен што ќе го подобрат вкусот, ќе ви помогнат и во зајакнување на одбраната на организмот.

0
228

Бројот на новоинфицирани со корона вирусот расте од ден на ден, а ние сè уште не сме ја напуштиле „опасната зона“ кога станува збор за респираторни инфекции и настинки, па затоа е сè уште многу важно да имате силен имунитет.

За да се зајакне, потребно е да се зголеми внесувањето на витамини Ц и Д, а исто така помагаат и традиционално „добрата“ храна што го зајакнува организмот. Освен лук, кисела зелка, мед, кефир и други, има и такви кои можете едноставно да ги додадете во оброците и да ја подигнете одбраната на организмот!

Кора од цитруси

Кората од лимон или портокал исто така може да го зајакне имунитетот. Богати се со есенцијални масла и биолошки активни супстанции кои штитат од штетното дејство на патогените и вирусите. Затоа е многу добро да ги „имате при рака“. Секако, претходно треба добро да ги измиете или да ги оставите преку ноќ во раствор од сода бикарбона и вода. Можете да ги додадете во јадењата.

Црн пипер

Неодамна, истражувањата покажаа дека црниот пипер содржи биолошки активна супстанција пиперин, која наводно има антивирусно дејство дури и против уште посилни инфекции. Сепак, треба да се напомене дека засега тоа е само претпоставка која бара понатамошно истражување и потврда. Црниот пипер, како и другите зачини, првенствено служи за подобрување на вкусот на храната, но не се препорачува за луѓе со гастроинтестинални проблеми.

Во една работа, треба да бидете претпазливи со црниот пипер – луѓето кои сакаат да ослабнат, треба да го избегнуваат затоа што го поттикнува апетитот.

Каранфилче

Овој зачин е богат со фитонциди. Содржат есенцијално масло, кое има и антибактериски и антивирусни својства. Каранфилчето може да се додаде во кафе, во чаеви и други топли напитоци. Покрај подобрувањето на вкусот, ќе помогне и во заштита од настинка.

Фото: Unsplash