Егзотични бомбици со банана и јаткасто овошје

Сите бомбици се прават лесно и брзо, но има различни варијанти, а оваа нам ни изгледа наједноставна од сите, особено поради тоа што не бара намирници кои ретко кој ги има дома

0
689
Ова се состојки за 8 лица:

 

1 зрела банана

120 г мелени ореви

120 г мелени овесни снегулки

3 лажици мед

1 лажица путер од кикирики

рендана кора од портокал

суво грозје, суви брусници

100 г сечкани ореви, ф’стаци, бадеми, лешници, кокос, чоколадни трошки, или по ваш избор

Приготвување:

Изблендирајте ја бананата. Ставете ги сите состојки во чинија и соединете ги.

Направете бомбици и валкајте ги во сечкано јаткасто овошје или кокос, чоколадни трошки, по ваш избор.

Фото: Pixabey