Еве ви шипки! Направете си чај од шипки

Чајот од шипки е еден од најстарите лекови кој се користи во народната медицина. Добро е да се знае дека во 100 г шипки има 1000 пати повеќе витамин Ц отколку во цитрусите.

0
878

Во 100 г шипки има 1000 пати повеќе витамин Ц отколку во цитрусите.

Тој е одличен избор за стимулирање на имунитетот. Покрај тоа, штити и лекува од многу болести. Шипките содржат витамини А, К, Д и Е, како и минерали калциум, магнезиум, калиум и манган.

Освен тоа, плодовите содржат и рибофлавин (витамин Б2), цитрусна и јаболкова киселина, јаглени хидрати, како и мала количина на протеини и масти. А еве зошто и кога треба да се пие чај од шипинка.

Кај грип и настинки. Високото ниво на витамин Ц во шипката го стимулира имунолошкиот систем. За да се заштитите, пијте чај од шипка двапати на ден. Ако сте болни, тој драстично го намалува времето за закрепнување. Ги олеснува болките во грлото, затнатиот нос и белите дробови.

Освен витамин Ц, шипките имаат и ликопен, моќен антиоксиданс кој помага во борбата против холестеролот.

Чајот од шипки е ефикасен и за намалување на крвниот притисок.
Оние со проблем со хипертензија треба да вклучат во својата дневна рутина 3 чаши чај на ден.

За подобрување на варењето на храната. Спречува дијареја, дизентерија и гастроентеритис. Чајот од шипка ги чисти токсините и одржува нормални здрави бактерии во органите за варење.

Кај несоница, замор и менструални проблеми. Пиењето на чај од шипки го подобрува сонот и го зголемува нивото на енергија. Многу жени велат дека тоа им помага да одржат редовен циклус, безболен, дури и им помага за плодноста.

Кај болка во зглобовите. Шипките ја ублажуваат болката при артритис, ревматски артритис и остеоартритис. Чајот од шипки ја ублажува болката и вкочанетоста, ја олеснува подвижноста, а експертите велат дека помага во обновување на ‘рскавицата.

Кај инфекции на уринарниот тракт и камења во бубрезите. Чајот ги чисти токсините од мочниот меур и ги разградува малите камења. Делува како диуретик и го спречува дебелеењето.

Ги стимулира црниот дроб и жолчката. Има корисен ефект врз проблеми со жолчните камења и жолчниот песок. Се користи за детоксикација на црниот дроб.

Кај проблеми со централниот нервен систем. Неколку чаши на ден ги ублажуваат симптомите на загриженост, нервоза, депресија и други психолошки проблеми.