Дојде време да се крцне единствената тегла од омилената туршија

Од овие малечки полнети модри патлиџани, дефинитивно, нема подобра туршија. малку обарени, наполнети со сечкани оревчиња, лук, сечкани свежи црвени пиперчиња и магдонос и прелиени со маслиново масло.

0
336

Модрите патлиџани се одлични свежи, кога им е сезона, ама за да не ви недостасуваат и во зима, се надеваме дека си ги подготвивте за туршија. Има најразлични верзии на кои можете да го направите тоа.

За нас, од „Арт кујна“, ова е најдобрата варијанта. Се бираат оние малечки модри патлиџани, се обаруваат кратко, колку да омекнат, потоа се ставаат во цедалка и врз нив се става нешто тешко за убаво да се исцедат.

Засечете ги и наполнете ги со сечкани свежи црвени пиперчиња (од оние последните), сечкани оревчиња, сечкан магдонос и секако, сол и маслиново масло.

Наредете ги во тегла и прелијте ги со маслиново масло. Затворете ја теглата и туршијата е готова.

Со време маслиновото масло се здрвува, но кога ќе го извадите од теглата за да замезите, маслото се опушта, а ако не ви е доволно, слободно додадете уште. Вкусот е фантастичен.