Домашни переци и солени стапчиња

Кога си е човек гурман, не му е тешко да ги засука ракавите и да си направи сè што му се сонило. Така и нашата читателка од преку океанот

0
581

Солени кифли или переци, печиво кое сите некогаш барем сме го пробале и веројатно на сите, омилен дел им е оној со солта.

Нормално, рецептот го нашла на интернет, но нашата читателка Лихнида Дамовска која живее во Америка вели дека е толку голема гурманка што никогаш не ја мрзи да си направи и да испроба некој рецепт што ѝ фатил око.

А и да ја мрзи, не ѝ е тешко затоа што на крајот следува дегустација и оној преубав мирис на тазе печено печиво.

Состојки:

За тесто:

250 мл млеко
1 лажица шеќер
1 лажица сув квасец
50 мл масло
1 лажичка сол
1 лажица јогурт
половина лажичка прашок за пециво
350 гр брашно

Прелив:
1 лажичка сол
2 лажички брашно
6 лажички вода

Приготвување:

Ставајте ги состојките во сад еден по еден и замесете тесто. Оставете го да отстои 30 минути.
Поделете го тестото на 9 парчиња, направете топчиња и оставете ги да отстојат 10 минути.
Погледнете го процесот на обликување на саламура во видео рецептот подолу.
Обликувајте ги по желба, а можете и да комбинирате форми. Оставете ги да одморат 20 минути и премачкајте ги со вода.
Печете ги во загреана рерна 10 минути на 200° C.
Направете го преливот, прелијте ги и вратете ги во рерна да се печат уште 10 минути на 230°C.
Кога ќе ги извадите премачкајте ги со масло.