Доколку постојано се чувствувате изморено и немате енергија за ништо, обидете се со оваа вкусна супа која лесно и брзо се подготвува, а брзо се јаде.
Состојки:
3 главици брокула
1/2 исечкан кромид
1 лажица маслиново масло
1/2 лажиче каранфилчиња
1 лажичка рендан ѓумбир
2 сечкани чешниња лук
сок од 1/2 лимон
2 чаши вода
сол
црн пипер
Приготвување:
- Динстајте ги кромидот и лукот на масло додека не добијат златна боја.
2. Додадете ја исечканата брокула, каранфилчиња и ѓумбир.
4. Динстајте сè околу 4 минути со постојано мешање.
5. Додадете вода, покријте и варете 10 минути.
6. Тргнете го тенџерето од оган и оставете малку да се излади. Истурете го вишокот вода во друг сад.
7. Потоа додадете сол, црн пипер и сок од лимон и мешајте користејќи миксер и додавајте од водата во која се варел зеленчукот додека не ја добиете саканата густина.
8. Зовријте ја супата уште еднаш и послужете.
Фото: Pexels