Десет мљевеници со кромид, ве молам

Хрватските ќебапи добија ново име - мљевеници. Имено, ресторан во Загреб деновиве ја претстави својата верзија на хрватски ќебапи кои ги нарече со ова ново, оригинално име и на своја сметка доби еден тон шеги, но и одлична реклама. Нема врска што им се потсмеваат, важно се актуелни

0
189

Ресторан во Загреб деновиве претстави своја, изменета „хрватска верзија“ на ќебапите, кои добија и ново, хрватско име – „мљевеници“. Замислата првично била да се направи нешто различно од соседните босански ќебапи, но шегите на нивна сметка се неизбежни.

„Се оствари милениумскиот сон! Мљевеник, а не ќебап!”, „Дали плескавицата сега е ’мљевеница‘?“, „Тогаш, јогуртот нека биде ’киселомљечно напиткало‘!“ „Ако ќебапот во Хрватска е „мљевеник“ (од мелено месо), тогаш ’ражничот‘ нека биде ’нанижник‘“, „А пак, бурекот – ’штрукли со месо‘“ – гласат дел од шегите.

Друга шега вели дека „Мљевеник“ звучи како фудбалски клуб од четврта лига…

Како и да е, ресторанот со овој потег доби на актуелност. Како велат, и лошата реклама е сепак, реклама.

Фото: Pexels