Денес е Преображение, време е за грозје

Оваа сезона носи најразновидно овошје и зеленчук, а една од омилените намирници на многумина е грозјето. Сочните зрна се неизбежно освежувачко, но и здраво уживање. Откријте зошто грозјето е здраво!

0
240

Според народното верување на денешниот христијански празник, за првпат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јаболка, сливи и сл. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава.

Значи, време е за грозје.

Иако постојат неколку видови на грозје, кое и да го одберете, ќе го освежите вашето тело и ќе го снабдите со потребните витамини.

Оваа сезона носи најразновидно овошје и зеленчук, а една од омилените намирници на многумина е грозјето. Сочните зрна се неизбежно освежувачко, но и здраво уживање. Откријте зошто грозјето е здраво!

1. Витаминска бомба
Иако постојат неколку видови на грозје, кое и да го одберете, ќе го освежите вашето тело и ќе го снабдите со потребните витамини. Овие бобинки се богати со витамин А, Б6, Б и фолна киселина, а 100 грама грозје ќе задоволат 25 проценти од препорачаната дневна количина на витамин Ц.

2. Јадете го за подобра меморија
Темното грозје има способност да го забави губењето на меморијата кај постарите лица, велат истражувачите кои ја објавија својата работа во British Journal of Nutrition. Всушност, добрата вест е дека тоа може и да ја подобри меморијата! Неодамнешните студии на животни покажале дека полифенолите пронајдени во семето на грозјето можат дури и да го намалат развојот на плак во мозокот кој е поврзан со Алцхајмеровата болест.

3. Грозје против болки
Ако страдате од напади на гихт или ревматоиден артритис, црвеното грозје може да биде од голема помош и може да го ублажи чувството на болка во овие случаи. Црвеното грозје содржи биофлавоноид познат како кверцетин. Овој моќен антиоксидант делува со витаминот Ц така што го стимулира имунолошкиот систем да се бори против инфекции, рак и воспаленија. Покрај тоа, комбинацијата на антиоксиданти и витамин Ц ги ублажува болните симптоми на ревматоиден артритис во зглобовите и мускулите. Исто така, семките од грозјето содржат супстанција наречена пикногенол. Овој антиоксидант помага во борбата против болката предизвикана од артритис, кардиоваскуларни проблеми, стрес и алергии.

4. Го запира растот на тумори
Научниците од Универзитетот во Илиноис тврдат дека присуството на ресвератрол откриено во грозјето го забавува или запира растот на бенигни и малигни тумори. Истражувањата покажуваат дека ресвератролот го инхибира растот на туморот во сите фази на болеста.

5. Број 1 за здравје на крвните садови
Претходните студии покажале дека ресвератролот може да дејствува на воспаленијата што доведуваат до сериозни и хронични заболувања. Грозјето е одличен извор на антиоксиданти и антитуморни соединенија, а исто така вклучува флавоноиди и кверцетин. Може да спречи згрутчување на крвните клетки, а со тоа и формирање на згрутчување на крвта и лош холестерол.

Истражувањето спроведено од др. Џозеф Вита од Медицинскиот факултет во Бостон покажало дека консумирањето темно грозје од сортата Конкорд има позитивен ефект врз ноќниот крвен притисок, што е знак за здраво регулирање на крвниот притисок. Овие резултати само продолжуваат со серија студии кои покажале корисни ефекти на сокот од темно грозје врз флексибилноста на артериите, што придонесува за здрава циркулација и крвен притисок.

6. Го намалува оштетувањето на кожата предизвикано од сонцето
Ултравиолетовите сончеви зраци се водечка причина за проблеми со кожата, од рак на кожата, изгореници од сонце и сончев еритем до предвремено стареење на дермисот и епидермисот. Добрата вест е дека флавоноидите пронајдени во грозјето можат да ја намалат количината на оштетување на клетките изложени на ова зрачење. Затоа јадете го во што е можно поголеми количини!

Фото: Pexels