Две бразилски оревчиња на ден, еднакво на 100 мкг селен

Препорачливо е да се јаде само едно на ден затоа што поради големата количина на селен може да предизвика труење опасно по живот. Повеќе од четири бразилски ореви на ден можат да бидат токсични.

0
561

Само две бразилски оревчиња на ден е исто како да земете 100 микрограми селен преку таблета! Еден орев е доволен да ја задоволи вашата дневна потреба за овој минерал, а покрај тоа значително го подига расположението, бидејќи е докажано дека селенот е ефикасен против депресијата.

Важен е и за активирање на моќниот антиоксиданс глутатион, кој ги штити ткивата од оштетување, го подобрува здравјето на срцето и делува против рак. Ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност, спречувајќи предвремено стареење. Игра важна улога во здравјето на тироидната жлезда бидејќи учествува во метаболизмот на јод и производството на хормони на штитната жлезда. Селенот исто така помага во зајакнување на мускулната маса и зголемување на силата. Може да го намали ризикот од рак на простата и секундарни тумори и појава на катаракта.

Ова јаткасто овошје е запоставено во однос на другите, најчесто и поради неговата висока цена, но во мали количини има корисен ефект врз организмот.

Препорачливо е да се јаде само едно на ден затоа што поради големата количина на селен може да предизвика труење опасно по живот. Повеќе од четири ореви на ден можат да бидат токсични.
Бразилскиот орев има голем број на корисни ефекти врз организмот!

Претставува вистинска ризница од разни минерали и антиоксиданси; содржи и цинк и магнезиум, фосфор, бакар, манган и железо. Тој е одличен извор на протеини и растителни влакна, поради што е сојузник на диетите и при вежбањето – помага во градење на мускулите и го продолжува чувството на ситост.

Витамините и хранливите материи што ги содржи го прават особено добар за подобрување на здравјето на кожата. Селенот ѝ дава на кожата здрав сјај и ја подобрува нејзината еластичност, со што се спречува предвременото стареење.

Хранливите материи како влакна, протеини и сложени јаглехидрати го прават прилично добра закуска. Бразилските ореви содржат голем дел од протеините и влакната кои ја контролираат желбата за храна. Консумирањето на оваа храна дава подолго чувство на ситост, намалувајќи го ризикот од прејадување и грицкање помеѓу оброците.

Малку се намирниците кои содржат концентрирани дози на корисни хранливи материи, а бразилските ореви се вистинска ризница на минерали.

Една порција бразилски орев (133 g) задоволува: 3,643% од дневните потреби за селен, 125% за магнезиум и во малку помали количини за калиум, калциум, железо и цинк.

Фото: Pixabay