Дали сте за порција јоргован?

Најпознато јадење во кое се употребуваат е кога цветовите од јоргован се потопуваат во тестото за палачинки.

0
274

Јоргованот во пролет ги обојува пејзажите во виолетова, бела, сина боја, а заради убавината и мирисот ова цвеќе е украс на многу градини и паркови ширум Европа, кадешто се раширил од Балканот, кој се смета за негова татковина.

Во ароматерапијата се користи за емоционална и духовна рамнотежа и за зајакнување на сензуалноста при лекувањето на депресијата.

Цветовите од јоргован може да се јадат сирови, во помали количини затоа што со јадењето ја затегнуваат и сушат слузницата на устата. Најпознато јадење во кое се употребуваат е кога цветовите од јоргован се потопуваат во тестото за палачинки. Тие се исто така и одличен додаток на пролетни мешани цветни салати направени од диви јадливи билки.

Покрај миризливите ноти кои се широко користени во индустријата за парфеми, јоргованот има свое место во народната медицина. Упатените тврдат дека кората на растението, но и лушпата од семето е добар природен адстригенс, односно лечи дијареја и други заболувања на органите за варење. Како антипиретик, успешно ги елиминира симптомите на треска која е проследена со тресење и висока температура.

Јоргованот се покажал особено ефикасен во лекувањето на маларија, а неговите лековити својства се потврдени и како аналгетик при отстранување на болката, во лекување на реумата и нервите, обновување на клетките на црниот дроб и чистење на цревата.

Кората на дрвото се симнува во рана пролет или во есен, се сечка и се суши на топло и проветрено место. Неговите лековити својства ги даваат состојките како сирингин, танини, горчливи материи, есенцијални масла, минерали.

Чајот се прави како лек со натопување една кафена лажичка сечкана кора од дрвото во два децилитри вода, кадешто треба да стои два часа. После тоа, чајот се вари кратко и се остава покриен уште еден час. Тогаш, во зависност од здравствените проблеми, пијте една до две чаши на ден, а во потешки случаи, три чаши.

Маслото од цветови од јоргован е познато како добро средство за масажа и лекување на реума, но исто така и невралгија на нервите, а западната народна медицина го користи и за плакнење на устата.

За масажа на болните места од реума, се полни шише од литар со цветови од јоргован, се става маслиново или пченкарно масло, се покрива и се затвара со памучна вата и се остава да стои три недели на сонце. Исцедете ја добиената содржина и користете го маслото за масажа на болните места.

Во козметичката индустрија, екстрактот од јоргован во кремите и тониците се препорачува за чувствителна кожа склона кон црвенило.

Лисјата се користат за лекување на треска и заболување на устата кај деца, застој на црниот дроб (наплив на крв во мекото ткиво), проблеми со дигестивниот систем како што се цревата (лошо варење и празнење на дебелото црево, дијареја), респираторни проблеми (кашлица, бронхитис), кај покаена тенмпература на телото, камења во бубрезите, висок крвен притисок.

Цветовите се користат за лекување на кожни болести, како што се осип, изгореници (лисјата се варат додека водата не поцрни и се користи за облоги), расекотини, гребнатини и разни нечистотии на кожата, особено за нега на лице 9цветовите се варат во млеко и се ставаат облози на лицето), проблеми со дигестивниот систем (запек или надуеност) и респираторни проблеми (кашлица, бронхитис), проблеми со очите (глауком – облог за очи), итн.

Фото: Unsplash