Дали се добива рак ако секој ден јадете инстант нудли? (ВИДЕО)

Ако плакарот ви е секогаш полн со овие пластични ‘цигли’ со инстант нудли, кои вие или вашите деца ги јадат секогаш кога немаат време или пари за нешто друго, сигурно понекогаш се прашувате, колку нездраво може да биде ова?

0
1554

Сигурно сте слушнале секакви хорор приказни за инстант тестенините – дека можат да предизвикаат воспаление на слепото црево или уште полошо: дека поради нив можете да заболите од карцином. Дали било што од ова е точно?

Постои една главна причина поради која луѓето мислат дека инстант нудлите се лоши за здравјето: состојката број Е621, позната и како мононатриум глумат (МСГ) – главниот „засилувач на вкус“ на сите вештачки јадења во Азија. Но други исто така веруваат дека нудлите се опасни заради наводниот восочен слој на нив што може да го оштети нашиот дигестивен тракт.

Значи, дали МСГ е лошо за нашето здравје? Американската управа за храна и лекови соопшти дека МСГ е безбеден за консумирање – дури и во земја што е толку исплашена од МСГ што кинеските ресторани за брза храна рутински на своите менија мораат да истакнат: „без МСГ“. Во 1960-тите, кога кинеската храна за првпат почна да се шири во Соединетите Држави, клиентите почнаа да се жалат дека МСГ предизвикува вкочанетост на телото и главоболки. Медиумите брзо го нарекоа ова – феноменот „Кинески ресторански синдром“, но во реалноста не постоеше.

И самиот МСГ не е секогаш додаток. Природно може да се најде во сирењето и доматите. МСГ е хемикалија, исто како и водата и кислородот, вели експерт за Гардијан. Денес, МСГ често се користи како додаток кој ѝ дава на храната умами, наместо само соленост.

Тогаш од каде потекнува овој мит за ракот? Нутриционистката Дел Рахмадија Анур, од Болницата за жени и деца од Правидај, вели:

„Инстант тестенините можат да ги активираат клетките на ракот, но исто така тоа можат да го направат сите други преработени производи – како соленото говедско месо и пилешките „нагетси“.

Тие содржат голема количина на натриум. Тестенините можат да бидат опасни за луѓето кои веќе имаат дијабетес или висок крвен притисок, но дефинитивно не предизвикуваат директно карцином, особено не сами по себе.”

Истата работа може да се каже и за „восочниот слој“. Компаниите кои произведуваат инстант нудлси тврдат дека не ги премачкуваат своите тестенини со восок, а многу нутриционисти се согласуваат, иако дури и со тоа всушност не би се предизвикал никаков проблем. Еден куп овошје и зеленчук содржат восок на нивната кора, а никој не тврди дека јаболката предизвикуваат рак.

Најлошото што може да се случи е следното: Можеби нема да заболите од рак, но тоа не значи дека се всушност здрави. Една студија покажа дека редовното конзумирање на инстант тестенини може да предизвика висок крвен притисок, висок шеќер, вишок маснотии и абнормално високо ниво на холестерол. Истото важи и за сета друга храна која содржи високо нивоа на натриум и заситени масти.

„Инстант нудлите се варат подолго од другите извори на јаглени хидрати, како што се оризот или компирот. Кога чувствувате надуеност после јадењето инстантни тестенини, тоа е затоа што вашиот систем работи со полна пареа за да ги свари. Најлошото нешто што може да се случи е сите јаглени хидрати од инстант тестенините да ја активираат акумулацијата на шеќер во вашето тело и да предизвикаат дијабетес”.

Што да направите: Не јадете тестенини секој ден. Ако јадете инстант тестенини секој ден, можеби нема да имате карцином, но сепак може да доведе до нешто поради што ќе мора да одите во болница. И, тогаш само ќе потрошите повеќе пари отколку што би потрошиле на поздрава храна од самиот почеток.

А што ако само сакате нудли? Направете си ги сами дома. Клучот за добро здравје не е секогаш во постојаното јадење  салата. Може да биде исто толку лесно да се готви со свежи состојки, како со посно месо и свеж зеленчук.

Еве на пример вака…само во помала количина, како за дома.

Natural noodle shop <3 <3

Natural noodle shop <3 <3

Alex Mica 发布于 2019年11月8日周五

Фото: Unsplash