Дали рибиното масло е навистина здраво?

Иако многумина веруваат дека помага во лекување на бројни заболувања, научниците ги испитуваат нуспојавите и можната токсичност на рибиното масло.

0
699

Во САД се трошат приближно 1,2 милијарди долари на препарати со рибино масло. Покрај витамините и минералите, рибиното масло е едно од најатрактивните нутритивни додатоци. Иако многумина веруваат дека помага во лекување на бројни заболувања, научниците ги испитуваат нуспојавите и можната токсичност на рибиното масло.

Луѓето го користат рибиното масло за неверојатно голем број на заболувања и состојби: како дополнителна терапија за срцево билест и мозочен удар, за Алцхајмерова болест, за лекување на депресија, психози, хеперактивност, суви очи, глауком, дегенерација на макулата, остеопороза, псоријаза, потоа за болести на бубрезите, во случај на отоци и болни менструации, за спречување на губитокот на телесна маса и висок крвен притисок…

Според наводите на студијата спроведена во Данска во декември 20016.година, со употребата на рибиното масло во последното тримесечје од бременоста се намалува можноста детето да заболи од астма. Истражувачите ги прочувале децата чии мајки земале рибино масло и откриле дека ризикот од заболување е помал за 31 отсто.

Исто така, студијата од август 2016 година објавена во списанието „Circulation“ покажала дека високи дози на омега три масни киселини помагаат во опоравување после срцев удар. Истражувачите откриле дека земањето рибино масло шест месеци после срцев удар придонесува за подобра работа на срцевиот мускул.

Благодарение на омега три масните киселини, рибиното масло делува позитивно на здравјето на луѓето – бројни истражувања изминатите децении докажале дека е посебно корисно за здравје на срцето и за лекување воспаленија, за видот, за отоци, за разни видови на болки, за псоријаза.

Од друга страна, постои и листа на можни токсини и несакани ефекти кои тоа масло може да ги предизвика.

Неодамнешното истражување поништува многу претходни студии и остава простор за дефинитивни одговори за вистинската полза од рибиното масло.

Во прегледот на 20 студии објавени во „JAMA The Journal of the American Medical Association“ се наведува дека консумирањето риба за вечера и земањето рибино масло не го намалуваат ризикот од мозочен и срцев удар“.

Во прегледот на студиите објавени во „Cochrane Collaboration“ се заклучува дека таблетите од рибино масло не ги спречиле проблемите со помнењето.

Уште една студија објавена во 2015. Година открила дека суплементите омега 3 не го подобруваат здравјето на мозокот, како ни помнењето. Студијата е заснована на петгодишно следење на когнитивното здравје на 4.000 луѓе.

Токсини и нуспојави

Иако масното ткиво на рибата е богато со омега 3 киселини, масото од тие ткива може да содржи високи концентрации на штетни материи (на пример, жива и кадмиум) од одредени видови на риба. Затоа, несаканите ефекти од користењето на масло, можат да вклучуваат когнитивни оштетувања дисфункции на нервниот систем, слепло, недостаток од координација, глувост, развој на одредени карциноми, оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Покрај тешките метали, постојат и други токсични соединенија кои се акумуираат во рибите. Полихлорованите бифенили можат да доведат до проблеми со кожата, мускучите, да предизвикаат хроничен бронхитис и пореметувања на нервниот систем.

Кога станува збор за несакани ефекти од примената на рибиното масло, тоа кај некои лица може да предизвика мачнина, масна столица, диареја, намален апетит, повраќање. За да се намали ризикот од нуспојави, препорака е рибиното масло да се зема со оброк и да се почне со ниски дози кои постепено ќе се зголемуваат.

Омега три масните киселини исто така можат да го покачат нивото на шеќер во крвта, додека рибиното масло користено во текот на повеќе месеци може да предизвика недостаток од витамин Е.

Лицата со ризик од хормонски дисбаланс или лица кои минуваат низ хормонска терапија мораат внимателно да го употребуваат рибиното масло. Пациентите со астма, болестите на цревата или на црниот дроб и пациентите со ризик од рак на дебело црево треба исто така внимателно да го користат тоа масло.

Затоа, не го земајте на своја рака и претходно консултирајте се со вашиот лекар.

Историјат на феноменот на рибиното масло

Во седумдесетите години, данските научници др.Ханс Олаф Банг и др.Јорн Диерберг ја проучувале здравствената состојба на луѓето кои живеат  во далечните села на северот од Гренланд. Бидејќи тие исклучително ретко заболувале од кардиоваскуларни болести, научниците го поврзале тоа со нивниот начин на исхрана (јадат многу риба, па и месо од кит). Било сугерирано дека секој може да има корист од консумирањето на риба и нејзиното масло.

Подоцна една група на истражувачи излегла со податок дека „данските научници никогаш не докажале дека наведеното население  ретко заболувало од срцеви болести“. Но било предоцна, вестите за предноста на нивната исхрана веќе се прошириле.

Омега-3 масните киселини спаѓаат во најпопуларните додатоци на исхраната ширум светот, но нова, голема и сеопфатна студија покажува дека нема речиси никакви ефекти на здравјето на нашето срце или мозок – иако во секоја реклама ќе слушнете дека токму тие жолти капсули полни со рибино масло се најдобра превенција од кардиоваскуларни болести и мозочен удар. Меѓутоа, ова ниту малку не го попречува растот и развојот на оваа индустрија која достигнала неверојатни 30 милијарди долари.

Имено, омега 3 масните киселини се многу важни за нашиот организам и дефинитивно прават нешто добро, но ако ги консумираме одвоено од остатокот на самата риба тие едноставно го немаат тој ефект.

Фото: Pixabey