Дали навистина има луѓе кои се дебелеат од самиот ‘поглед’ на храна

Експертите велат дека е вистина дека некои луѓе можат да јадат повеќе од другите, а тоа да не им се забележува, а некои да се дебелеат и од самиот поглед на храна. Кај вторите, причината за ова е инсулинската резистенција

0
199

Дебелината е стана глобална закана, пандемија што ги погодува и напредните и сиромашните земји.

Дебелината е комплексна и би било идеално доколку сè може да се сведе на внесување и потрошувачка на енергија, но не е така. На дебелината влијае генетиката, хормоналните нарушувања, факторите на животната средина, како и некои специфични болести како што е Кушинговата болест или некои тумори на мозок. Сепак, примарен проблем е преголемиот внес на калории и премалата потрошувачка.

Храната ни е подостапна од кога и да е, порано луѓето јаделе сирово месо и им требало време за да проџвакаат едно парче. Така хормоните имале повеќе време да испратат сигнал до мозокот дека телото е заситено, накратко може да се каже дека е нарушен балансот помеѓу хормоните на ситост и глад. Од 1985 година до денес, бројот на дебели лица е тројно зголемен, а фактот на голем број на дебели деца во медитеранските земји како што се Италија, Шпанија, Грција, Хрватска, каде медитеранската исхрана со многу риба и зеленчук е заменета со брза храна и газирани пијалоци со шеќер.
Според експертите, дебелината е хронично метаболичко заболување кое се карактеризира со акумулација на вишок маснотии што може да предизвика други болести и потешкотии како што се кардиоваскуларни болести, дијабетес, болести на локомоторниот систем, белодробни заболувања, рак на дебело црево, рак на дојка кај жените и рак на простата кај мажите. Факт е дека повеќето луѓе, вклучувајќи и многу лекари, ја третираат дебелината повеќе како естетска категорија отколку како болест, иако, дебелината всушност треба да се перцепира токму како болест.

Експертите велат дека е вистина дека некои луѓе можат да јадат повеќе од другите, а тоа да не им се забележува, а некои да се дебелеат и од самиот поглед на храна.

Имено, луѓето кои страдаат од инсулинска резистенција се во таканаречената фаза на пред-дијабетес и кога јадат ‘погрешна’ храна, а тоа се јаглехидрати како слатки, бели тестенини, ориз, компири – нивното тело лачи премногу инсулин и складира сè во масните клетки, потоа нагло им опаѓа шеќерот во крвта и чувствуваат замор, се препотуваат, срцето им чука засилено и им се зголемува потребата за храна и тоа е маѓепсан круг.

Сепак, според експертите, најважно е за почеток, луѓето со прекумерна тежина да разберат дека е доволно половина час брзо одење секој ден. Пешачењето треба да биде брзо затоа што срцевиот ритам треба да се забрза за време на оваа активност, такашто одењето да има влијание врз слабеењето и секако дека треба да се јаде помалку.

Фото: Freepik