Дали знаете што може да се случи ако јадете премногу јаткасти плодови?

Сигурно веќе знаете дека јаткастите плодови се неверојатно здрави и дека се поврзани со подобрување на здравјето на вашето срце, борбата против ракот, намалувањето на ризикот од Алцхајмерова болест, па дури и со губиток на несаканите килограми.

0
1150

Затоа, јаткастите плодови се вкусна закуска што можете слободно да ја јадете без грижа совест.  Но, колку често го правите ова? Иако се познати како здрава храна, јаткастите плодови  исто така имаат (заслужено) репутација како храна што не можете да престанете да ја јадете, затоа малкумина од нас се придржуваат кон препорачаните дневни дози. Проблемот со прекумерната потрошувачка на јаткастите плодови може да има некои ризици по здравјето, а прочитајте подолу кои се 3-те најлоши од нив.

Брзо ќе се здебелите

Постојат многу истражувања кои велат дека јаткастите плодови можат да ви помогнат да изгубите на тежина. Сепак, треба да се обрне внимание на следниот факт – овие резултати се визможни само ако ги јадете во умерени количини. Надминувањето на препорачаните дневни количини ќе го сторат токму спротивното и вие ќе ја зголемите својата тежина. Дополнителен проблем е фактот што тоа ќе се случи многу побрзо отколку ако го претерате со друга храна. Имено, јаткастите плодови се многу богати со калории и затоа обезбедуваат повеќе енергија од другите намирници. На пример, 30 грама бадеми содржат 163 калории, додека иста количина варени тестенини содржи само 37 калории.

Можат да ви се појават проблеми со варењето

Ако некогаш чувствувате надуеност после јадењето јаткасти плодови, не сте единствени. Подуеност е вообичаен „несакан ефект“, благодарение на фитатите и танините, состојки поради кои јаткастите плодови се потешко сварливи. Како да ова не е доволно лошо, прекумерната консумација на масти (со кои се богати јакастите плодови) за краток временски период може да доведе и до диареја. Како можете да ги спречите овие непријатни последици? Држете се до препорачаните дневни количини или одлучете се за опции што полесно се варат.

Постои ризик од труење со селен

Паѓање на косата, кршливи нокти, лош здив, болки во мускулите и зглобовите – сите овие се симптоми на труење со селен, ретка, но многу сериозна состојба што може да се појави ако јадете премногу бразилски ореви (со другите јаткасти плодови сте сигурни). Бразилските ореви се толку богати со селен што експертите препорачуваат да не јадете повеќе од неколку ореви дневно, и тоа само неколку пати неделно.

Фото: Pixabey