Дали знаете зошто e медот добар за рани?

Медот се користи 4000 години во лечење на хронични рани. Првите записи одат до стариот Египет, во кои се наведува дека медот се нанесувал на рани и на тој начин се забрзувало нивното заздравување.

0
179

Како функционира медот и зошто воопшто може да се нанесува на рани, е поврзано со неговите состојки и карактеристики. Медот има ниска pH вредност, околу 3,7 и на тој начин создава кисела средина која не е погодна за развој на бактерии. Има многу ниска содржина на вода и висока содржина на шеќер, што создава висок осмотски притисок во раната. Високиот осмотски притисок ја извлекува течноста од бактериите и ги спречува да се размножуваат. Во исто време, го поттикнува низ раната протокот на супстанции потребни за заздравување.

Костеновиот мед е многу богат извор на витамини, ензими и минерали (особено калциум, манган и калиум), кои придонесуваат за заздравување на раните. Најпознатиот мед кој има најдобро дејство против вируси, габи и бактерии се добива од билката манука што расте во Нов Зеланд.

Современите преврски со медицински мед, благодарение на високата осмотска активност на медот, го спречуваат размножувањето на патогените бактерии во раната и ги потикнуваат природните процеси на заздравување на раните.

Предности на користењето современи преврски за рани со додаток на мед

• овозможуваат влажно заздравување на раните,
• дејствувааат бактериостатски поради високиот осмотски потенцијал на медот,
• ја намалуваат можноста за инфекција на раната,
• го намалуваат непријатниот мирис,
• поттикнуваат отстранување на некротичното ткиво,
• ја поттикнуваат гранулацијата и епителизацијата,
• го поттикнуваат заздравувањето без лузни,
• не се лепат за раната,
• се скратува времето на заздравување на раните
• погодни се за рани кои не реагираат на антибиотска терапија.

Современите преврски со медицински мед, благодарение на високата осмотска активност на медот, го спречуваат размножувањето на патогените бактерии во раната и ги поттикнуваат природните процеси на заздравување на раните. Многу лесно се применуваат, па пациентот може да ги смени сам или со помош на професионалец. Погодни се за сите видови рани во сите фази на заздравување, па затоа имаат широка примена.

Фото: Unsplash