Дали ги знаете сите придобивки од медената вода?

За да подготвите медена вода, доволно е да измешате една лажичка мед во чаша млака вода. Со тоа се добива 30-процентен раствор на мед кој е идентичен по состав со крвната плазма.

0
305

Повеќето луѓе се добро запознаени со придобивките од медот, но малкумина ги знаат придобивките од медената вода. Овој пијалак веќе долго време се користи за ослободување од разни болести, како и за козметички цели.

Не е ништо комплицирано, медена вода е обична вода со обичен мед, ама од сигурни производители, значи, природен и вистински мед, а за да ја подготвите доволно е да измешате една лажичка од овој мед во чаша млака вода. Со тоа се добива 30-процентен раствор на мед кој е идентичен по состав со крвната плазма. Медот ја структурира водата и со тоа ги зголемува нејзините лековити својства, што е научно докажано. Одлично е да се знае дека оваа вода целосно и брзо се апсорбира во телото.

Медната вода подготвена на овој начин го нормализира варењето, го зајакнува имунитетот, односно, отпорноста на телото на бактерии, вируси, габи. Се користи за лекување на настинки и бронхитис, а исто така се бори и со паразитите што живеат во нашите органи за варење. Не им дозволува да се размножуваат и го нормализира функционирањето на клетките на органите за варење и обезбедува прочистување на телото.

Медената вода за превентивни цели треба да се консумира секое утро на празен желудник и треба брзо да се испие. Добро е да се пие и навечер пред спиење и се препорачува секогаш да се пие свежо подготвен. Покрај тоа, можете да го користите и за козметички цели, па препорачливо е да го избришете лицето со вака подготвена вода. Благодарение на систематското дејство на оваа лековита вода, се забележува подобрување на циркулацијата во крвните садови и поактивна исхрана на клетките на кожата. По миењето, почекајте некое време да почне да делува медот, а потоа исплакнете ја кожата со млака вода. Ако вака редовно се миете, вашата кожа ќе стане поздрава, посвежа, поеластична и кадифена.

И конечно, медот е хигроскопичен, ја собира водата, така што бубрезите и мочниот меур преку ноќ не се оптоварени и се одмораат.

Фото: Unsplash