Дали веќе сте пробале вода со цимет?

Додавањето цимет во вода не само што е хидратантно и вкусно, туку може да обезбеди и низа здравствени придобивки: овој пијалак е богат со антиоксиданти, има антиинфламаторни својства, добар е за здравјето на срцето, го намалува холестеролот и може да помогне при слабеење

0
331

Водата со цимет е богата со антиоксиданти, а во исто време и многу лесно се подготвува. Водата и циметот се моќно дуо, а овој пијалак е вкусно и хидратизирачко освежување.

„Всушност, станува збор за ладен чај од цимет кој се добива со врење на вода во тенџере со стапче цимет, а потоа се лади“, вели готвачката и нутриционистка Серена Пун.

Таа го препорачува овој напиток со здрава исхрана, одмор, вежбање и балансирање на хормоните.

Додавањето цимет во вода не само што е хидратантно и вкусно, туку може да обезбеди и низа здравствени придобивки: овој пијалак е богат со антиоксиданти, има антиинфламаторни својства, добар е за здравјето на срцето, го намалува холестеролот и може да помогне при слабеење, вели Пун.

Кој не смее да го пие овој пијалак?

„Постојат неколку контраиндикации за циметот”, вели Пун.

„Во високи дози, циметот може да биде лош за црниот дроб, така што луѓето со заболување на црниот дроб треба да бидат внимателни. Исто така, ако сте на лекови или имате некоја хронична болест, добра идеја е да се консултирате со вашиот лекар”.

Кога да пиете вода со цимет?

„Некои велат дека пиењето вода со цимет ноќе може да помогне во губење на тежината. Други тврдат дека според ајурведскиот принцип, пиењето топла вода го стимулира варењето на храната. Можете да ги испробате и двете”, вели Пун.

Како да се подготви вода со цимет?

Единствените состојки што ви се потребни се стапче цимет и малку вода.

„Сварете малку вода, а потоа малку изладете ја. Ставете стапче цимет и оставете го околу 10 минути додека водата не потемни. Извадете го циметот и оставете го да се излади целосно”, вели Пун.

Фото: Unsplash