Дали верувате во овие фантастични диети, со кои можете и да уживате и да слабеете

Многу се интересни оние диети што очигледно ги смислуваат гурмани кои упорно се трудат да најдат начин за да ослабнат, ама и да си јадат. Еве една со суво овошје и црвено вино со која, наводно, за пет дена се слабее 5 килограми. Добро звучи, нели?

0
304

За оваа диета заснована на суво овошје и црвено вино, велат дека е една од најпопуларните во светот. За пет дена се слабеело дури пет килограми.

Всушност, диетата е и наменета за употреба во период од три до пет дена, а за тој период ви помага да изгубите до пет килограми. Звучи навистина фантастично, но не сме испробале па не можеме да ви гарантираме дека е точно.

Можете да ја испробате сами такашто ќе подготвите посебна мешавина за слабеење.

За да ја направите, земете 100 грама различни суви плодови (сливи, кајсии, смокви) и измешајте ги со ореви и бадеми.

За време на диетата се дозволени кафе и зелен чај. Друга важна состојка во оваа диета е сувото црвено вино. Треба да пиете 100 милилитри на ден и најдобро е да го направите тоа после седум часот навечер.
Поделете го целото суво овошје на 10-12 порции и земајте по една секој час. Помеѓу оброците, пијте обична вода. Во вечерните часови се дозволени чаша црвено вино и последната порција со суво овошје.

Фото: Pexels