Давор Панчевски: Кулинар и инфлуенсер со економски факултет

Готви уште од петто одделение, а пред неколку години ја направил веб-страната Дејвс кичн (Dave's Kitchen) и бројката на неговите следбеници и на Инстаграм и на Фејсбук секојдневно постојано расне. За читателите на „Арт кујна“ директно од кујната на Давор вкусна погача во форма на елка, со зелен фил од спанаќ и дробено сирење.

0
1316

Завршил економија, отсек маркетинг, а она што го научил на факултет го применува во инфлуенсерството служејќи со една од најмоќните маркетинг техники – продукт плејсмент. 

Пред неколку години ја направил веб-страната Дејвс кичн (Dave’s Kitchen), но постојано потенцира дека готвењето сепак не е негова професија, туку само хоби.

Инаку, готви уште од петто одделение, а првиот рецепт што го направил биле палачинки после кои добил постојано задолжение: кога ќе имаат гости, тој да го прави десертот.

Често им е домаќин на голем број свои пријатели кои секогаш ги пречекува со вкусно зготвена трпеза па сите заедно уживаат во вкусно приготвената храна и долгите разговори.

Досега има издадено и две книги со рецепти. Неговиот прв готвач „Гответе насмеани“, доживеа и второ издание, а неговиот втор готвач „Најдоброто од македонската кујна“ го издаде неодамна и тоа двојазично, на македонски и на англиски јазик. Иако е сѐ уште рано, веќе има неколку идеи за неговите идни готвачи

Најмногу го радува фактот што бројката на неговите следбеници и на Инстаграм и на Фејсбук секојдневно постојано расне, па на фејсбук има повеќе од 55.000, а на Инстаграм 30.000 следбеници. 

Готви и солени и благи рецепти, но најголем љубов му се десертите и месените работи.

Затоа за читателите на „Арт кујна“ замеси вкусна погача во форма на елка, со зелен фил од спанаќ и дробено сирење.

Елка погача 

Состојки:

750 г брашно
250 мл млеко (доколку е многу тврдо тестото додадете уште малку)
1/2 квасец
1 лажиче шеќер
2 јајца
120 мл масло за јадење
2 лажички сол
50-100 г маргарин
јајце за премачкување
сусам

За филот:
500 г исчистен спанаќ и попарен со врела вода, исечкан
200 г дробено сирење
сол по вкус

Приготвување:

Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, млекото, маслото, јајцата и солта. Замесете меко тесто и оставете да стаса околу 1 час на собна температура.
О
ткако ќе стаса поделете го на два дела и расукајте две правоаголни кори.

Премачкајте ја едната кора со малку маргарин и потоа нанесете го филот такашто ќе го распределите низ целата кора (врз маргаринот). Врз филот ставете ја другата кора.
Со нож пресечете триаголник од тестото, така што на долниот дел од триаголникот ќе го формирате стеблото на елката.
Вишокот од тестото тргнете го на страна , подоцна можете да направите вкусни филувани кифлички или пак мала мини погача.
Сега кога го имате обликот на елка, од врвот надолу повлечете две вертикални линии со нож, не сечеј
ќи го тестото, туку само обележувајќи две линии (едната да се совпадне со левата страна , а другата со десната страна со стеблото на елката).
Започнувајки од долниот дел пресечете ленти (водејќи се од двете веритикални линии) шир
оки околу 1,5 цм. од двете страни на елката. Свиткајте ги сите ленти во спирала.

Премачкајте ја со жолчка целата погача и декорирајте ја со сусам, па ставете неколку парчиња маргарин низ целата погача. Оставете да стаса околу 15-20 минути и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25-35 минути, додека не добие убава златно кафена боја.

Добар апетит и забавно готвење !