Глог: Убива вампири, лекува луѓе

Чај од глог како лек за срце се користи од памтивек и тој има многу здравствени придобивки, особено кога станува збор за хипертензија и висок холестерол, кои се главни причини за срцев удар.

0
560

Со глогот се поврзани многу верувања и митови како што е оној за вампирите, односно, дека за да бидете сигурни дека вампирот нема никогаш да се разбуди, треба да го прободете со колец од глог право низ срцето.

Можеби ова верување има некоја врска со тоа што глогот од дамнешни времиња се користел токму како лек за срцето, па додека за луѓето било лек, се верувало дека за вампирите како нелуѓе, ќе биде смрт.

Чајот од глог е добро познат народен рецепт, кој се користи уште од памтивек.
Бобинки од глогот се користат и за правење капки, односно, се прави тинктура од глог. Покрај срцевите заболувања, може да се користи и како седатив за нервна напнатост. Познато е дека има лековити својства за олеснување на симптомите на менопауза. Има антиинфламаторни ефекти и помага во елиминирање на штетните масти и дури помага за слабеење.

Ова растение со привлечни црвени бобинки има корисен ефект врз срцето, но и многу други лековити својства. Во просек, расте до висина од околу 2 метри, но во шумите се развива и до 8 метри. Токму сега е време за берење на овие црвени плодови кои е наједноставно да ги исушите, да ги смелете и да ги користите за чај.

Глогот е прифатен е како сигурен и ефикасен третман кај раните фази на срцеви болести и како ефикасна терапија кај веќе напреднати фазиСе препорачува по срцев удар, заради тоа што ја зголемува циркулацијата на коронарните крвни садови.

Многу студии потврдуваат дека пациентите кои страдаат од срцеви заболувања реагираат позитивно по земањето глог, тие се помалку уморни. Симптомите на недостаток на здив и „прескокнување“ на отчукувањата на срцето се многу послаби.

Глогот е едно од растенијата со најсилен смирувачки ефект. Помага при замор, недостаток на енергија, слаб сон, отежнато дишење, вртоглавица, забрзано чукање на срцето, вознемиреност, нервоза и шум во ушите. Исто така се користи во менопауза.

Може да се користи како помош при слабеење, бидејќи поттикнува исфрлање на вишокот вода од телото.

Бројни студии утврдиле дека е безбедна и добро поднослива болка за човечкиот организам. Сепак, не се препорачува за бремени жени и доилки.

Иако е безбедно да се користи како растение, не се препорачува да се користи заедно со некои лекови за срце па затоа е најдобро да се консултирате со лекар.

Исто така, помага во случај на: хроничен замор, недостаток на енергија, немирен и лош сон, останување без здив, вртоглавица, силно чукање на срцето, бучава во ушите, нервна напнатост, помага во регулирањето на крвниот притисок.

Чајот од глог е природен диуретик, што значи дека го стимулира исфрлањето на вишокот вода од организмот. Затоа е многу корисен во процесот на слабеење, но исто така и во случај на целулит и болести на зглобовите.

Чај од глог се препорачува и во менопауза, бидејќи ги ублажува симптомите.  Особено е добар кога станува збор за хипертензија и висок холестерол, главните причини за срцев удар. Бобинките од глог се најдобриот природен лек за спречување на овие болести.

Како да направите чај од глог

Најпознатиот рецепт од народна медицина за чај од глог за срцето се подготвува многу едноставно:
Земете 0,3 грама од мелените плодови. Прелијте ги со 150 мл зовриена вода. Се отстранува од огнот и се остава да отстои кратко време. Пијте три пати на ден.