Гамби што ќе посакате веднаш да ги направите

Инвентивните луѓе прават и интересни зимници. Зошто мора да бидат тоа само обични пиперчиња со урда?

0
828

Николина Стојчева од Македонска Каменица ни го испрати рецептот за овие вкусни гамби полнети со фил од урда и мелени ореви, „запечатени“ со маслинки и наредени во тегли.

Состојки:

5 кг мали пиперчиња (гамби)

5 л вода

250 г шеќер

250 г сол

1 л оцет

За филот:

Урда

мелени ореви

сол

Приготвување:

Се чистат пиперчињата (со специјално ноже).

Од солта, шеќерот, оцетот и водата се прави пресол и се преливаат гамбите. Треба да стојат во ладен пресол 24 часа.

Потоа се плакнат со ладна вода и се цедат.

Се полнат со мешавина од урда, мелени ореви и сол по вкус. Се притиска убаво за да бидат тврдо полнети.

Потоа се затвораат со маслинка или со магдонос. Се ставаат во тегли, се прелеваат со масло, се затвораат теглите и се ставаат во големо тенџере со вода. Се провриваат 5 минути и се оставаат во водата.