Вселенска марула (ВИДЕО)

Според студијата објавена во списанието „Frontiers in Plant Science”, марулите кои астронаутите на НАСА ги одгледуваат во вселената не само што се вкусни, туку се и еднакво хранливи како и зелената салата која ја консумираме на Земјата.

0
303

„Можноста за одгледување безбедна и свежа храна во вселената како дополнување на конзервираната храна за астронаутите е многу битна цел на НАСА“ пишува списанието „Frontiers in Plant Science”.

Имено, астронаутите на станицата ги одгледувале салатите од 2014 и 2016 година. Научниците на НАСА поради споредба со контролата на Земјата ги реплицирале идентичните услови на одгледување.

Набрзо после експериментите во 2014 година астронаутите ја набрале марулата и ја испратиле во вселенскиот центар Кенеди на анализа. По темелниот преглед на зелената салата одгледана на Меѓународната вселенска станица, истражувачите заклучиле дека разликата меѓу таа марула и марулата одгледана на Земјата е минимална. Станува збор за занемарлива разлика во количината на некои метали и минерали, меѓу кои железо, калиум и цинк.

Резултатите биле охрабрувачки – две марули биле целосно исти, вклучувајќи ја и микробната заедница која се наоѓа во билките.

Се покажало дека вселенската салата содржи нешто повисоко ниво на бактерии, но меѓу нив ниедна не е опасна по човечкото здравје како ешерихија коли или салмонела. Одгледувањето на храна во одржлив систем, безбедна за консумација ќе биде пресудно за подолгите мисии на НАСА.

Научниците велат дека ќе мора да обезбедат слични услови и за доматите, компирот и пиперките, а се надеваат и дека ќе почнат да ги одгледуваат во текот на идната година. Со оглед на тоа дека за нив треба подолго време за одгледување, поточно 80 дена во споредба со 28 за марулата, ќе им требаат многу повеќе ресурси за одгледување.

Фото: Pixabey