Враќање на великанот на престолот: Нома на Рене Реџепи повторно меѓу 50 најдобри ресторани во светот

The World's 50 Best Restaurants го прогласија данскиот ресторан „Нома“ од Копенхаген за најдобар во 2021 година. Најголемиот број ресторани на листата на 50 најдобри ресторани на светот за 2021 година, доаѓаат од Шпанија и САД - по шест претставници од секоја и пет од Италија.

0
373

„Нома“, „детето“ на готвачот Рене Реџепи кој има потекло од Македонија, својата понуда ја темели на иновативна нордиска кујна и ја освои оваа престижна титула – најдобар ресторан на светот за 2021 година, по петти пат.

Прогласен е за најдобар ресторан во светот во 2010, 2011, 2012 и 2014 година. Ги затвори вратите во 2016 година и две години подоцна се пресели на нова адреса. Оттогаш, ги воодушевува гостите со специјални менија што се прилагодуваат на сезоната и на достапните намирници.

Второто место на листата на најдобри го зазеде друг ресторан од главниот град на Данска – Гераниум на готвачот Расмус Кофоед, а на третото место е Баскискиот Асадор Еткебари на готвачот Виктор Аргуинзониз.
Најголемиот број на ресторани на списокот доаѓаат од Шпанија и САД – по шест претставници од секоја и пет од Италија.
Единствениот ресторан од регионот меѓу 50 -те најдобри ресторани во светот, е Хиша Франко на готвачката Ана Франко од Словенија, кој се наоѓа на 21 -то место.

Подолу погледнете ги сите ресторани на годинешната листа.

50 -те најдобри ресторани во светот за 2021 година:

1. Noma, Данска
2. Geranium, Данска
3. Asador Etxebarri, Шпанија
4. Central, Перу
5. Disfrutar, Шпанија
6. Frantzen, Шведска
7. Maido, Перу
8. Odette, Сингапур
9. Pujol, Мексико
10. Chairman, Хонг Конг

11. Den, Јапонија
12. Osteria Francescana, Италија
13. Don Julio, Буенос Аирес
14. Mugaritz, Шпанија
15. Lido 84, Италија
16. Elkano, Шпанија
17. El Casa Del Porco, Бразил
18. Piazza Duomo, Италија
19. Narisawa, Јапонија
20. DiverXO, Шпанија
21. 21. Hiša Franko, Словенија
22. Cosme, САД
23. Arpège, Франција
24. Septime, Франција
25. White Rabbit, Русија
26. Le Calandre, Италија
27. Quintonil, Мексико
28. Benu, САД
29. Reale, Италија
30. Twins Garden, Русија
31. Restaurant Tim Raue, Германија
32. The Clove Club, Обединето Кралство
33. Lyle’s, Обединето Кралство
34. Burnt Ends, Сингапур
35. Ultraviolet, Кина
36. Hof van Cleve, Белгијa
37. SingleThread, САД
38. Boragó, Чиле
39. Florilege, Јапонија
40. Sühring, Тајланд

41. Alléno Paris au Pavillon Ledoyen, Франција
42. Belcanto, Португалија
43. Atomix, САД
44. Le Bernardin, САД
45. Nobelhart & Schmutzig, Германија
46. Leo, Колумбрија
47. Maaemo, Норвешка
48. Atelier Crenn, САД
49. Azurmendi, Шпанија
50. Wolfgat, Јужноафриканска Република

Фото: Фејсбук