Вината на Тиквеш прават ’ршум во винскиот свет

Во текот на мај и јуни оваа година најнаградуваната македонска винарница ВВ „Тиквеш“ се закити со вкупно 37 нови награди и признанија на три различни вински натпревари. На винарницата ѝ беа доделени две специјални награди, три двојни и седум единечни златни медали, 15 сребрени и осум бронзени медали, како и шест пофалби.

0
455

Вината на светски препознатливите брендови на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ повторно го потврдија исклучителниот квалитет. Само во последните два месеца овие вина се закитија со 37 медали на светските натпревари. На овогодишното издание на „Balkan International Wine Competition“ овие брендови повторно ја покажаа својата доминација во винскиот свет преку освојување 15 медали од кои 10 злата и двојни злата.

Најистакнато беше црвеното „Барово“ од бербата 2018 кое доби трофеј за најдобра автохтона црвена сорта. Двоен златен медал освоија „Chateau de Gourdon Terrasse a L’Ombre“, „Chateau de Gourdon Vase de Pierre“ и повторно „Барово“ црвено, сите од бербата 2018. Постигнувањата на „Тиквеш“ се остварени во конкуренција од околу 1.000 вина од Балканот, Централна и Источна Европа.

„Последниве награди се уште една потврда за врвниот квалитет на нашите вина, кои и на овие светски вински натпревари блеснаа во полн сјај. Нивното значење е огромно бидејќи укажува дека високото ниво на квалитет го одржуваме во континуитет. Исто така, големиот број на освоени награди е знак дека високиот квалитет е одлика на речиси сите вина од нашето портфолио. На ваков начин продолжуваме да го трасираме ѕвездениот пат на, Тиквеш‘“, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на Винарската визба „Тиквеш“.

На овој натпревар му претходеа и два други важни настани, односно реномираниот француски вински натпревар „Citadelles Du Vin“, како и еден од највлијателните натпревари за вино во светот „International Wine Challenge“ кој се одржа во Лондон. На овие две вински натпреварувања вината на „Тиквеш“ и „Tikveš Châteaux & Domainеs“ освоија 22 медали и признанија, меѓу кои и специјалната награда „MACEDONIA SPECIAL PRIZE“, доделена на „Citadelles Du Vin“ за розето „Alexandria Cuvée“ од бербата 2020.

Во текот на мај и јуни оваа година најнаградуваната македонска винарница ВВ „Тиквеш“ се закити со вкупно 37 нови награди и признанија на три различни вински натпревари. На винарницата ѝ беа доделени две специјални награди, три двојни и седум единечни златни медали, 15 сребрени и осум бронзени медали, како и шест пофалби.

Овие исклучителни успеси уште еднаш ја потврдија позицијата на ВВ „Тиквеш“ како најуспешна меѓу винарниците од регионот. Вината на „Тиквеш“ веќе со години се најтрофејни во Југоисточна Европа, а само од почетокот на оваа година освоија 48 медали и признанија на престижни натпревари одржани во Кина, Франција, Германија и Велика Британија.