Вафли за појадок, за вечера, за десерт

Направивме тесто и го сефтосавме апаратот за вафли, вкусни и идеални за било кој период од денот во различни комбинации - со мед и цимет, мармалад од шипки или со оние превкусни намази „Леска“ на нашиот пријател од Струга.

0
665

Тестото за вафли се прави лесно и брзо. Ние го испробавме за првпат новиот апарат за вафли – вкусни и идеални за било кој период од денот. Секако, можат да се јадат во различни комбинации – со мед и цимет, со мармаладот од шипки на госпоѓа Мирјана Ангелеска или со оние превкусни намази „Леска“ на нашиот пријател Пеце Клечкароски од Струга.

 

Состојки:

4 јајца

300 мл масло

300 г шеќер

кора од еден лимон

250 мл млеко

600 г брашно

1 прашок за пециво

 

Приготвување:

Изматете ги јајцата и шеќерот со миксер, па полека додавајте ги останатите состојки. Добро соединете ги сите состојки, ставајте по 2 полни лажици тесто во загреаниот апарат и за кратко време ќе добиете вкусни вафли во форма на срце.