Варијации на тема – гиро

Не е баш гиро, ама потсетува на гиро, само што е многу повкусно и малку поздраво

0
167

За оваа варијанта на гиро, освен вакви лепчиња за гиро, не ви требаат многу состојки.

Земете мелено месо, испржете го на путер заедно со ситно сечкано кромидче и 1 рендан морков.

Додадете малку варен наут ако имате, ако не, земете конзерва со наут и додадете по желба во месото.

Исечкајте и додадете 1-2 свежи малечки црвени пиперчиња и свеж спанаќ.

Издинстајте се заедно накратко и можете да јадете.

Исечкајте и малку свеж кромид, и ќе добиете супер вкусен ручек.