Булгур за појадок

Наместо вообичаените овесни снегулки, за појадок подгответе ја оваа егзотична комбинација на овошје, јаткасти плодови и булгур.

0
633

Заменете ја вообичаената овесна каша или снегулки со овошје и јатки, со овој поинаков појадок со булгур кој ќе ви даде доволно енергија да преживеете до ручекот, но исто така ќе ве изненади и со одличен вкус.

Изберете овошје според вашиот вкус или сезоната, а можете да додадете и овошје од домашен компот или лажичка од омилениот џем.

Уживајте во топлата или ладна варијанта од овој здрав појадок.

Потребни ви се:

5 супени лажици булгур

Половина чаша зрнесто овошје, портокали, мандарини или друго овошје по желба Половина чаша млеко по ваш избор (од соја, бадем, кравјо …)

3 лажици јаткасто овошје

Половина лажица јаворов сируп или мед

Малку цимет

1 банана

Приготвување:

Помешајте го наполу сварениот булгур со овошје и јаткасто овошје. Загрејте го млекото малку и истурете врз булгурот.

Додадете ги сирупот и циметот, измешајте сè и оставете да отстои малку, такашто булгурот ја впива течноста уште малку. Додадете ја исечената банана и добро измешајте.

Фото: Pixabey