Брз рецепт со тиквички и маслинки, без капка масло

Рецептот е одличен бидејќи мафините (или кој облик и да го направите), не се суши, туку е вкусен и следниот ден. Нема масло, освен оние 2-3 капки за подмачкување на калапите

0
276

Состојки:

4 јајца

1 поголема тиквичка

1 морков

1 павлака

150 г рендан кашкавал

200 г сечкани маслинки

шолја ипол брашно (од 250 мл)

сол, црн пипер по вкус

1/2 прашок за печиво

Приготвување:

Не ви треба миксер. Во еден сад изрендајте ги тиквицата и морковот. Во друг сад изматете ги јајцата со рачна маталка, па додадете ја павлаката, а потоа полека додавајте ги брашното и прашокот за печиво. Додадете ги изренданиот зеленчук, кашкавалот и маслинките. Зачинете и ставајте од смесата во калапите.

Оваа смеса е доволна за два калапи за поголеми мафини.

Ние пола од смесата ставивме во калап за леб.

Поросете одозгора со семки и печете половина час во загреана рерна на 200 степени.