Брз колач со јаболки и маџун

Колачот со јаболка е еден од омилените десерти на многу луѓе, поради што решивме да ви предложиме еден феноменален стар рецепт во кој наместо шеќер, се користи стариот добар маџун

0
259

Нема да ви треба многу време за да го подготвите, а набрзо ќе стане омилен десерт во вашиот дом, особено ако и вие наместо со шеќер, го направите со поздрава алтернатива – маџун.

Состојки:

3-4  јаболки

150 г путер на собна температура (ние ставивме пола путер, пола кокосово масло)

100 мл маџун

1 ванилин шеќер

малку сол

3 јајца

8 лажици млеко

1 пудинг од ванила

250 г брашно

1 прашок за пециво

малку путер за премачкување на калапот

Приготвување:

Пред да започнете да го правите колачот, загрејте ја рерната на 180 степени. Потоа излупете ги јаболките и исечете ги на коцки.

Во голем сад измешајте ги путерот, маџунот, ванилин шеќер и сол. Мешајте додека не добиете кремаста смеса, а потоа додадете ги јајцата и млекото.

Во друг сад измешајте пудинг од ванила, брашно и прашок за пециво, а потоа додадете ги во кремастата смеса со јајца.

На крај, додадете ги јаболката попрскани со сок од лимон.

Премачкајте ја тепсијата со путер, а потоа истурете го тестото.

Колачот се пече околу 45 минути на температура од 180 степени.

По желба, ставете одозгора сечкани оревчиња и малку слатко од капини.