Брзо, свежo и eдноставно: Пудинг со лимон

Ова е една од оние вкусни работи што се исклучително лесни за правење. За разлика од стандардните пудинзи, овој се пече во рерна што му дава посебна текстура, кора одозгора и свиленкаст слој пудинг под површината.

0
389

Пудингот од лимон е неодоливо вкусен и лесен за правење, па затоа е одличен рецепт и за оние мрзливи денови, кога копнеете по нешто слатко, без да морате да го поминете целиот ден во кујната.

Знаеме дека лимонот е прилично кисела храна, но не грижете се – вкусот е навистина фантастичен.

Состојки:

2 јајца

2 лажици брашно

2 лажици путер

0,75 шолја шеќер

кора од 1 лимон

сок од 1 лимон

кора од портокал

0,80 шолја млеко

Приготвување:

Пенесто измешајте ги путерот и шеќерот. Додавајте едно по друго со постојано мешање на жолчките од јајцата, брашно, изрендана кора од лимон и портокал, сок од лимон и млеко, и на крај полека додадете ги изматените белки. Ставете ја смесата во помали керамички чинии. Ставете ги во сад за печење со топла вода и печете ги на пареа во лесно загреана рерна на 150 ° C околу 15 минути.

Овој печен домашен пудинг можете да го послужите со шлаг, а на ист начин можете да подготвите и пудинг од портокал само со замена на сокот од лимон со сок од портокал.

Фото: Pixabey