Брза торта со два крема

Ако ви треба рецепт за торта која ќе ја направите многу брзо и лесно, дури и ако сте апсолутен почетник во кујна, еве една одлична идеја

0
246

Состојки:

150 г кекси

За белиот фил:

2 јајца

50 г шеќер

1 ванилин шеќер

500 мл млеко

50 г густин

1 павлака

За темниот фил:

5 лажици шеќер

5 лажици какао

150 мл млеко

100 г путер

50 г мелени ореви

бадеми за украсување

Приготвување:

Наредете ги кексите во калапот за колач, каде што треба скршете ги кексите и пополнете ги празнините.

За белиот фил, изматете ги јајцата со шеќерот и додадете го млекото постепено матејќи на тивок оган. Потоа додавајте пополека од густинот и мешајте ја смесата додека не се згусне. Тргнете го тенџерето од оган и додадете ја павлаката.

Истурете го филот врз кексите.

Црниот фил се прави такашто ќе ги измешате убаво на тивок оган какаото, шеќерот и млекото. Тргнете го филот од оган и додадете ги путерот и мелените ореви.

Прелијте го црниот фил врз белиот и убаво измазнете го.

Украсете ја тортата со листови од бадеми и ставете ја во фрижидер за да се зацврсне.