Бон Џови има два ресторани каде сиромашните можат да јадат бесплатно

Иако медиумите главно зборуваат за неговиот музички успех и приватниот живот, Бон Џови има и два ресторани каде сиромашните или бездомниците можат да дојдат да јадат бесплатно.

0
224

Soul Kitchen е име на непрофитна организација со која управува фондацијата JBJ, институција управувана од музичарот а која ги носи неговите иницијали. Во оваа кујна порциите немаат цена, а оние што сакаат можат да остават донација од 20 долари за работата на кујната. Оние без пари, како и бездомниците, се добредојдени да јадат во ресторанот и да волонтираат во кујната.

Според веб-страницата на ресторанот, 51 процент од досегашните порции се исплатени со донации. Останатите 49 проценти се покриени со доброволно работење на луѓето без средства. Меѓудругото, мото на ресторанот е: „Сите се добредојдени на нашата маса“.

Првиот од рестораните ги отворил своите врати во октомври 2011. година,  во Њу Џерси. Ова е градот во кој се родил Бон Џови. Другиот ресторан е отворен во 2016. година во близина на реката Томс, област длабоко погодена од ураганот Сенди што ја потресе земјата во 2012 година.

„Нашата мисија секогаш беше да влијаеме на позитивните промени и да се справиме со гладот ​​и бездомништвото“, објаснил Бон Џови кога го отворил својот втор ресторан. „На нашето мени нема цени. Значи, ако имате потреба, учествувајте. Тоа значи расчистување на масата, миење садови, работа во нашите градини и слично“, додава тој.

Не се потребни резервации за маса во Soul Kitchen. На гостите им се доделува заедничка маса по редоследот на пристигнување, кадешто можат да јадат, дури и со странци. Ова ја прави социјалната интеракција поприродна и полесна за секого, без оглед на нивните економски услови. И сите оние на кои им треба топол оброк секогаш имаат предност.

Менито се состои од три следови инспирирани од локалната американска кујна и се менува на секои десет дена. Првиот след се состои од супа или салата. Главниот обично се прави со бело или црвено месо или риба, а достапни се и вегетаријанските и безглутенските варијанти. На крај, тука е сезонскиот десерт. Оброците се подготвуваат со хранливи и органски состојки од самата ресторанска градина, а фармата е во сопственост на невладина организација.

Покрај овие два ресторани, Фондацијата ЈБЈ изградила домови во Филаделфија за бездомници, млади и воени ветерани. Исто така, финансирала изградба на центар за помош на тинејџерките – мајки и нивните бебиња, и финансирала засолниште за да им обезбеди кревети и медицинска нега за бездомниците.

Фото: Bored Panda