Состојки:
800 мл сечкани домати од конзерва
500 мл сос од домати
400 г печурки
200 г леќа
150 г сечкани ореви
125 мл црвено вино
2 ловорови лисја
2 лажици црвен пипер
1 литар бујон од зеленчук (или вода)
1 кромид
1 морков
1 стапче целер
2-3 чешниња лук
суво оригано
сол и црн пипер по желба
растително масло за динстање
Приготвување:
Во загреано масло ставете ги сечканиот кромид, моркови и целер додека не омекнат. Ќе ви требаат околу пет минути. Додадете ги исечканите печурки и динстајте ги сите заедно на умерена температура неколку минути додека не добијат златно-кафеава боја.
Додадете го исечканиот лук и динстајте околу половина минута.
Ставете го виното и користете дрвена лажица за да ги измешате сите вкусови од дното на садот. Добро промешајте.
Ставете ги во тенџерето доматите, сосот од домати и бујонот од зеленчук.
Додадете ја леќата претходно измиена во вода, ловоров лист и други зачини.
На ниска температура, варете сè заедно околу половина час до 45 минути, или додека леќата не е целосно сварена.
На крајот на готвењето, додадете сечкани ореви, сол и црн пипер по потреба.
Послужете го сосот врз сварените тестенини и украсете со малку свеж магдонос или со пармезан.
Фото: Pexels