Билки наместо месо

Најдобри извори на протеини за вегетаријанците се тофу, темпе, сејтан и мешунките

0
302

Луѓето се откажуваат од месото од различни причини. Некои го прават тоа од етички причини или други лични убедувања, а други од здравствени причини.

Без оглед на причината, ако не јадете месо многу е важно да се осигурате дека внесувате доволно протеини.
Можете да ги најдете во алтернативите за месо, а ова се најпопуларните.

Тофу

Тофу е замена за месо и по конзистентноста е сличен на сирењето. Тој е добар извор на протеини и калциум, ги содржи сите есенцијални аминокиселини што му се потребни на еден човек. Тофу има благ вкус, такашто можете да готвите скоро сè со него, бидејќи ќе го добие вкусот на она со што сте го зготвиле. Некои го користат наместо јајца или го додаваат во топли јадења како што се супи и чорби.

Темпе

Темпе е традиционална индонезиска замена за месо базирана на соја. Производителите прават темпе од цела соја, а не од соино млеко и го користат процесот на ферментација. Темпе има сува текстура, а некои производи од темпе содржат мешавина од грав или житарки. Бидејќи содржи грав, го надминува тофуто во растителни влакна и протеини и е одличен извор на витамин Б6 и магнезиум. Исто така, содржи пребиотици и пробиотици погодни за цревата. Бидејќи има посилен вкус, не може да се употребува баш во се, како тофуто, но погоден е за употреба како замена за месо на скара.

Сејтан

Сејтанот е направен од глутен од пченица. За време на производствениот процес, скробот се отстранува од пченицата, обично со испирање со вода. Оваа постапка произведува храна со висока содржина на протеини, текстура слична на пилешкото. Сеитан или т.н. „Месо од пченица“ не е безбедно за луѓето со нетолеранција на глутен. Некои производи од сејтан содржат и други состојки, како што се мешунки или зачини. Сејтанот е богат со протеини, рибофлавин, ниацин и витамин Б-6.

Растителна храна богата со протеини

Некои цели намирници, како грав, хељда, наут и печурки, содржат протеини или имаат месна текстура и можат добро да го заменат месото. Сепак, само неколку растителни прехранбени производи ги содржат сите есенцијални аминокиселини – вклучувајќи ги хељдата, киноата и сојата.

Фото: Pixabay