Банана со темни дамки – премногу корисна за да се фрли

Зрелите банани произведуваат супстанции кои дури можат да го спречат развојот на канцерогени заболувања. Презреаните банани се добри за јадење бидејќи многу позитивно делуваат на организмот. Покрај заштитата од рак, постојат и други причини зошто е добро да јадете банани со темни дамки.

0
368
Фото: Unsplash

Добро размислете пред да ја фрлите потемнетата банана со дамки, која иако не е убава за очи, е многу корисна за здравјето.

Бананите содржат идеална комбинација на јаглехидрати и минерали (како што се калиум и магнезиум). Сепак, штом ќе се појават првите темни дамки на нив, тие често завршуваат во ѓубре.

Според едно јапонско истражување, ова е голема грешка која луѓето често ја прават. Дамките не значат дека бананите се лоши – напротив. Зрелите банани произведуваат супстанции кои дури можат да го спречат развојот на канцерогени заболувања. Презрелите банани се добри за јадење бидејќи многу позитивно делуваат на организмот. Покрај заштитата од рак, постојат и други причини зошто е добро да јадете банани со темни дамки.

Спречуваат појава на киселини

Зрелите банани делуваат како благ антацид. Ги неутрализираат киселините и ги релаксираат органите за варење. Една банана после богат оброк може да спречи проблеми како киселини и надуеност.

Ја подобруваат функцијата на цревата

Бананите можат да помогнат и при запек бидејќи содржат супстанции кои ги движат цревата.

Го подобруваат расположението

Бананите со дамки содржат помали количини на аминокиселина наречена триптофан. Триптофанот го подобрува расположението и овозможува лесно заспивање. Покрај тоа, бананите содржат витамин Б и анти-стрес минерали магнезиум и калиум. Овие минерали се одговорни за доброто функционирање на нервниот систем.

Го намалуваат крвниот притисок

Пациентите со висок крвен притисок треба да внесуваат што е можно помалку натриум. Имено, храната богата со овој минерал ги зголемува вредностите на крвниот притисок. Наместо тоа, треба да се јаде храна богата со калиум – како што се презрелите банани.

Тие даваат енергија

Бананите многу брзо создаваат чувство на ситост. Содржат растителен скроб – кој брзо ни дава енергија. Затоа спортистите често јадат банани за брзо закрепнување на организмот. Физичката издржливост се подобрува со дејството на гликемиските јаглехидрати, минералите и витамините од бананите. Калиумот дополнително штити од грчеви во мускулите. Магнезиумот од бананата влијае на функцијата на мозокот, го олеснува учењето и ја подобрува концентрацијата.

Го зголемуваат нивото на железо

Железото е една од компонентите на нашите црвени крвни зрнца кои се одговорни за протокот на хранливи материи и кислород во телото. Бананите со темни дамки се богати со железо и се многу добри против анемија.

И покрај сите придобивки, за жал, презрелата банана не се препорачува за секого. Дијабетичарите никогаш не треба да ги консумираат поради високата содржина на овошен шеќер.