Бадеми против холестерол, дијабетес, срцеви заболувања, …

Научните студии покажале дека 100 грама бадеми на ден можат да го намалат нивото на холестерол во крвта за 14%. Покрај тоа, консумирањето бадеми прави да се чувствуваме позадоволни во текот на денот и помалку гладни навечер.

0
486
Фото: Pexels

Општо е познато дека бадемите се најхранливи од сите јаткасти плодови. Исто така, познато е дека спаѓаат во премногу мрсни намирници. Сепак, и покрај тоа, бадемите спаѓаат во здрава храна. И не само тоа, туку придонесуваат и за намалување на нивото на холестерол во крвта. Тајната лежи во 90% маснотии во бадемите, кои се класифицираат како незаситени.

Научните студии покажале дека 100 грама бадеми на ден можат да го намалат нивото на холестерол во крвта за 14%. Покрај тоа, консумирањето бадеми прави да се чувствуваме позадоволни во текот на денот и помалку гладни навечер.

Покрај споменатите и корисни незаситени растителни масти, бадемите содржат високо ниво на протеини, витамин Е, растителни влакна, калциум, калиум, магнезиум, манган, бакар, цинк, селен, ниацин, рибофлавин, фолна киселина и други вредни растителни материи со антиоксидативно дејство.

Значи, бадемите се навистина многу лековити намирници.

Го регулираат нивото на холестерол во крвта: Редовната употреба на бадеми во исхраната го намалува нивото на лош холестерол и го зголемува нивото на добар холестерол во крвта.

Го хранат мозокот: Бадемите се многу корисна храна за мозокот. Помагаат во развојот на мозочните клетки, го подигнуваат нивото на интелектот, што секако е многу важно за сите возрасти и особено за децата во развој. Затоа е добро наутро да им давате на децата 2-3 бадеми. Може и претходно да се потопат во вода за да омекнат и полесно да се отстрани лушпата, што може да предизвика алергиска реакција кај некои деца.

Поволно делува на срцето: Присуството на магнезиум во бадемите ја намалува можноста од срцев удар. Минералот калиум има корисен ефект врз регулацијата на срцевиот ритам. Фолната киселина помага да се намали нивото на масни наслаги во артериите, што е од суштинско значење за спречување на кардиоваскуларни заболувања.

Го регулира крвниот притисок: Калиумот исто така има корисен ефект врз регулирањето на крвниот притисок.

Спречува појава на дијабетес тип 2: Секојдневната консумација на бадеми го намалува зголемувањето на шеќерот во крвта после оброк, бидејќи ја поттикнува чувствителноста на организмот кон инсулин (хормон кој го регулира нивото на гликоза во организмот). Од истата причина, употребата на бадеми кај луѓе кои веќе страдаат од дијабетес може до одреден степен да ја намали потребата за вештачки инсулин.

Ја храни кожата: витаминот Е делува како антиоксидант и го забавува процесот на стареење на кожата. Покрај тоа, бадемите содржат супстанции кои ја прават кожата помека, понежна и со поубав тен.

Корисни се за слабеење: Консумирањето и на мали количини бадеми брзо развива чувство на ситост, успешно го задоволуваат апетитот, па логично е да се намали желбата за прејадување. Затоа, се препорачуваат за луѓе кои се на диета и сакаат да ослабат.

Го подигнуваат нивото на енергија: Благодарение на манганот, бакарот и рибофлавинот, бадемите го стимулираат производството на енергија во организмот.

Конечно, неколку зборови за бадемовото масло. Бадемовото масло е богато со витамин Е. Овој витамин е познат како храна за кожата. Овозможува заштита од ултравиолетови зраци и особено се препорачува бадемово масло за нега на сува кожа. Потоа, корисно е за нега и закрепнување на оштетената коса. Ѝ дава сјај на косата, а делува и против првут. Редовното масирање на главата со бадемово масло може да спречи опаѓање на косата. Ја ублажува болката при воспаление на мускулите и зглобовите, па затоа често се користи за масажа. Бадемовото масло има многу пријатен мирис и делува смирувачки, затоа е корисно за ослободување од стресот. Како и сите бадеми, бадемовото масло има ефект на намалување на лошиот холестерол во крвта и зголемување на нивото на добар холестерол, па затоа е добро да се користи во исхраната.

Фото: Pexels