Ако се чувствувате поспано после јадење, напијте се чаша вода со јаболков оцет

Дали сте од оние кои секогаш после јадење чувствуваат поспаност? Ако е така, не грижете се, ние имаме решение за вас.

0
394

Јаболковиот оцет има бројни здравствени придобивки, меѓу другото може да дејствува и како пробиотик. Јаболковиот оцет е дериват од ферментиран сок од јаболко, па како и другите ферментирани намирници, може да содржи бактерии кои го подобруваат здравјето на цревата и одржуваат правилно варење. Сепак, треба да се има предвид дека само непастеризираниот јаболков оцет, кој содржи ензими, белковини и споменатите пробиотици, има својства на пробиотици. Значи, со пастеризација се елиминират пробиотичките својства на јаболковиот оцет.

Исто така, јаболковиот оцет може да биде помош за слабеење, меѓутоа, ако одлучите да изгубите тежина на тој начин, не консумирајте повеќе од две лажици дневно. Премногу јаболков оцет може да го иритира стомакот, а исто така може да ја уништи забната глеѓ и да го оштети хранопроводот.

Покрај тоа, јаболковиот оцет не исполнува со енергија благодарение на калиумот и ензимите што ги содржи. Додадете малку оцет во чаша вода и испијте. Може да го пиете и во текот на физичка активност за да бидете помалку исцрпени. Амино киселините во оцетот спречуваат таложење на млечна киселина после вежбањето.

За да избегнете чувство на замор, препорачливо е да пиете малку органски јаболков оцет пред јадење, поточно, растворете една лажица оцет во чаша вода и испијте го непосредно пред јадење. На овој начин ќе го одржите нормалното ниво на гликоза и инсулин, а тоа ќе овозможи шеќерот полека да се апсорбира во клетките.

Значи, ако сакате да се чувствувате добро и да имате многу енергија, испијте чаша вода со оцет пред најголемиот оброк во денот и ќе почувствувате одлични резултати.

Фото: Pixabay