Ако пиете премногу кафе, јадете брокула! Спречува деменција и ги штити зглобовите

За да се искористат сите предности на брокулата, експертите за исхрана советуваат да ја јадете свежа.

0
203

Зелените цветови од брокула, кои можат да се јадат свежи, во супа или обарени, се вистинско богатство за здравјето. Еден од највпечатливите квалитети на оваа намирница е тоа што има силни антиканцерогени својства.

Научниците утврдиле дека брокулата влијае на зголемување на количината на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од штетните и канцерогени материи. Покрај тоа, активните супстанции што ги содржи ги убиваат абнормалните клетки.

Антиоксидансите во брокулата го намалуваат ризикот од оксидативен стрес во организмот, со што се спречува формирање на високо реактивни молекули со кислород што можат да предизвикаат хронични воспаленија.
Брокулата е добра и за здравјето на црниот дроб, бидејќи го помага излачувањето на токсични материи. Затоа, на оние кои претеруваат со газирани сокови, кафе или алкохол, им се советува овој зеленчук често да го имаат на трпезата.

Бидејќи брокулата е богата со витамин Б2, исто така им помага на очите да се прилагодат на светлосните промени. Недостатокот на овој витамин може да доведе до бројни воспаленија на очите, заматен вид и замор на очите. Покрај тоа, истражувањата покажале дека доволен внес на витамин Б2 спречува развој на катаракта или спречува нејзина прогресија.

Научните истражувања исто така потврдуваат дека хранливите материи од брокулата го подмладуваат организмот и со тоа го штитат од развој на дегенеративни заболувања на зглобовите, деменција и кардиоваскуларни заболувања. Позитивно влијаат и на одржување на здравјето на кожата и го намалуваат појавувањето на брчки.

Фото: Pexels