Ако е за право, Бадниковата вечера всушност треба да биде најстрог ден од постот

Знаеме дека кај нас на Бадник наголемо се готви и се подготвува обилна вечерa, а на масата се редат едно чудо јадења кои, наводно, морало да ги има. Според нас (ако веќе сите станавме експерти за верски прашања и религиозни обреди) сосема е доволно посно гравче на вода и малку кисела туршија. Бадник всушност треба да биде последен и најстрог ден од Божиќниот пост, нели?

0
526

Бадник се прославува ден пред Божик и претставува последен и најстрог ден на Божикниот пост.

Затоа, наместо сите оние совети за тоа што морало или не морало да има на Бадниковата трпеза, нашиот став (ако веќе сите станавме експерти за верски прашања и религиозни обреди) е дека е сосема доволно посно гравче (на вода) и малку кисела туршија. За десерт, можете да си направите пченица со мелени ореви, шеќер во прав, цимет, каранфилче и морско оревче или да си каснете некоја урма.

А кога сме кај гравчето, научните истражувања покажале дека ова мешункасто растение спречува развој на срцеви заболувања и го намалува нивото на лош холестерол.
Ако сакате да јадете грав, ова е уште една добра причина да уживате во ова вкусно јадење.

Студија објавена во стручното списание на Медицинската асоцијација на Канада покажала дека гравот е одличен извор на влакна и бројни лековити супстанции. Сепак, она што е честа појава по консумирањето на грав е надуеноста, што обесхрабрува многумина да не консумираат често вкусни јадења од грав.
Гравот полека се вари и за време на неговата преработка во организмот, нивото на лош холестерол се намалува, и тоа повеќе кај мажите отколку кај жените, покажало истражувањето.

Ние во гравчето ставаме малку суво нане кое може малку да ги намали стомачните проблеми, доколку ги имате.