Ако ги знаевте здравствените ефекти на камилицата, ќе ја пиевте секој ден!

Ако редовно пиете шолја чај од камилица, може да ја спречите појавата на рак и да го олесните неговото лекување, велат американските научници.

0
318

Во чајот од камилица се наоѓа соединение наречено апигенин, која ја отежнува работата на клетките на ракот.

Научниците од Државниот универзитет во Охајо откриле дека апигенинот може да ја блокира способноста на клетките на ракот на дојка да живеат подолго од нормалните клетки, да го оневозможат нивното ширење и да ги направат почувствителни на терапијата со лекови.

Чајот од камилица, магдонос и целер се најдобри извори на апигенин, но ова соединение може да се најде и во различни овошја и зеленчуци кои се вообичаени во медитеранската исхрана.

Апигенинот, исто така, има антиинфламаторно дејство и им помага на протеините да ги корегираат абнормалностите на РНА – молекули кои се носители на генетски информации – што е причина за појава на околу 80% од карциномите.

Молекуларниот генетичар, професор Андреа Досеф, од Државниот универзитет во Охајо, вели: „Знаеме дека треба да се храниме поздраво, но во повеќето случаи не ја знаеме точната причина зошто нешто е здраво, т.е. како точно влијае на телото. Овде гледаме дека споменатото соединение делува корисно врз протеините во телото. Сметаме дека тоа делување врз специфичните протеини може да биде од голема важност како превенција од рак. ‘

Клетките на ракот напредуваат инхибирајќи ги процесите што би ја предизвикале нивната смрт, а апигенинот може да го спречи тоа.

Интересно е дека истражувачите утврдиле дека апигенинот делува на некои 160 протеини во човечкото тело. За споредба, лековите кои ги произведува фармацевтската индустрија целат само на една молекула, пишува во студијата објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.

Фото: Freepik